НАСЛОВНА

ЗА НАС
- Технички карактеристики
- Дистрибутивен систем
- Контакти

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ
- Брошури за ефикасно греење

ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ
- Пријавете дефект
- Листа на затворени објекти
- Преглед на нови објекти за прием во дистрибутивниот систем

ПРОЕКТИРАЊЕ, НАДЗОР И ПРИКЛУЧУВАЊЕ

ОПШТИ ДОКУМЕНТИ И БРОШУРИ

ЛИНКОВИ

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ИЗВЕСТУВАЊА ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

АКТУЕЛНОСТИ

ФОТО ГАЛЕРИЈА

- Фотографии од компанијата
- Изведба на секундар

КОНТАКТИ

 

 

Дистрибутивен систем

 

Големите урбани средини своето функционирање го базираат врз одреден број сервиси кои мора секојдневно да се извршуваат. Дел од тие сервиси  се реализираат преку инфрастуктурните системи.

Еден од сервисите кој е неодминлив во големите урбани средини со континентална клима е далечинското греење кое се реализира , меѓу другото, преку дистибутивниот систем.

Дистрибутивниот систем е систем од меѓусебно поврзани објекти, уреди и постројки за пренос  на топлинска енергија и служи за пренос на топлинската енергија за греење од производителите до потрошувачите.Дистрибуција на топлина, како дел од Топлификација АД, скоро половина век се грижи за одржување и развој на дистрибутивниот систем и обезбедува топлинската енергија за греење да стигне од производителите до објектите на потрошувачите со најмали загуби при преносот. Одговорна е за одржување на топлинските станици и мерење на топлинската енергија која е испорачана во објектите.

Енергетските и економските кризи сериозно ја загрозуваат работата на овој систем, но наша цел е да обезбедиме негов одржлив развој, квалитетна услуга и минимални цени.  Тоа е и наша законска обврска заради лиценцата за вршење на дејност од јавен интерес  чиј носител е друштвото.