НАСЛОВНА

ЗА НАС
- Технички карактеристики
- Дистрибутивен систем
- Контакти

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ
- Брошури за ефикасно греење

ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ
- Пријавете дефект
- Листа на затворени објекти
- Преглед на нови објекти за прием во дистрибутивниот систем

ПРОЕКТИРАЊЕ, НАДЗОР И ПРИКЛУЧУВАЊЕ

ОПШТИ ДОКУМЕНТИ И БРОШУРИ

ЛИНКОВИ

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ИЗВЕСТУВАЊА ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

АКТУЕЛНОСТИ

ФОТО ГАЛЕРИЈА

- Фотографии од компанијата
- Изведба на секундар

КОНТАКТИ

 

 

Технички карактеристики на дистрибутивниот систем

 

Дистрибуцијата на топлинска енергија се врши преку дистрибутивниот систем кој се протега од точката на прием на произведената топлинска енергија преку магистрални, секундарни, приклучни водови и топлински станици до мерното место, односно точката на испорака на топлинска енергија за греење на крајните корисници.

    • Дистрибутивен систем на цевководи - двоцевен (доводен и повратен цевковод, најчесто поставени во подземни бетонски канали)
    • Должина на дистрибутивната мрежа = cca 200 km (400 km цевководи)
    • Топлоносител - врела вода
    • Номинална температура = 130 °С
    • Номинална температурна разлика = 60 °С
    • Номинален притисок = 16 bar
    • Годишно дистрибуирана топлинска енергија = 500-600 GWh
    • Топлински загуби = 12%

Циркулацијата на топлоносителот низ дистрибутивниот систем (од топланите до топлинските станици) се врши преку пумпи лоцирани во топланите Исток, Запад, Водно и 11 Октомври, како и со пумпи поставени на неколку точки во мрежата.

Приказ на дистрибутивниот систем

Важен елемент од дистрибутивниот систем е топлинската станица. Таа служи за предавање на топлинската енергија од мрежата кон грејната инсталација на корисниците и за мерење на потрошувачката. Тука се регулираат притисокот, протокот и температурата на топлоносителот. Топлинските станици се опремени и со пумпи, чија задача е да овозможат циркулација на топлата вода низ внатрешната грејна инсталација на објектите.

Постојат два начина на испорака на енергијата во топлинските станици - со директен систем и со индиректен систем. Кај топлинските станици со директен систем, регулацијата се остварува со мешање на повратната вода од грејната инсталација на корисниците и доводната вода од дистрибутивната мрежа. Кај топлинските станици со индиректен систем, размената на топлина од мрежата до корисниците е преку топлиноизменувач. Согласно стратешката определба за развој на дистрибутивниот систем, новите топлински станици се изработуваат исклучиво како индиректни системи т.е. со топлиноизменувач.

Топлинска станица - директен систем

 

Топлинска станица - индиректен систем

Најголемиот дел од топлинските станици (околу 80% од конзумот) се опремени со модерна регулациона опрема која може да се контролира и управува далечински, преку мониторинг систем на реномираниот германски производител Сименс. Автоматската регулација на испораката на енергија овозможува и заштеда и постојаност во квалитетот на греењето, без разлика на влезните параметри на топлоносителот во топлинската станица.

Дистрибутивната мрежа се проектира за систем 130/70°С. Процесот на проектирање е целосно дигитализиран. Целата цевководна мрежа, шахтите и топлинските станици се евидентирани во ГИС околина. Ова овозможува точен увид во локацијата на подземните инсталации, што е од интерес и за другите комунални субјекти. Проектантското одделение изработува проекти за магистрални и секундарни водови, приклучоци (за објекти кон мрежата) и проекти за реконструкција на постојни цевководи. Со помош апликација специјално развиена за таа намена (врз база на ГИС околината), се вршат симулации на различни сценарија на испорака на топлинска енергија. Добиените информации за хидрауличките и термички карактеристики на дистрибутивната мрежа, се особено важни од оперативен аспект.

Проектирање на дистрибутивна мрежа

Огромно внимание се посветува на намалување на губитоците при транспорт на топлинската енергија од топланите до топлинските станици. Затоа се врши реконструкција и санација на старите цевководи, се поставува нова и поефикасна топлинска изолација. Течењето од дистрибутивната мрежа се лоцира со помош на соодветна апаратура од јапонскиот производител Фуџиком или мануелно, со инструмент со слушалки.

 

Инструменти за лоцирање на течење на вода од дистрибутивната мрежа

 

Изведба на нов приклучок


Дефект на мрежа                                                                     

 

 

Санација на  пукнатина на цевковод

Дистрибуција на топлина ДООЕЛ - Скопје поседува акредитирана лабораторија за контрола на исправност на водомерите и мерачите на топлинска енергија во топлинските станици и нивно баждарање. Повеќето мерачи се ултразвучни, што гарантира исклучителна точност на мерењето на потрошената топлинска енергија и трајност на уредите во потребните работни услови.

Лабораторија за баждарење на мерачи на топлинска енергија